Граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат.
Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.
Се молат граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов.
