HomeАктуелноГрупата „Распеани кичевчани“ е само уште еден доказ дека македонската народна песна и музика е лек за сечија душа

Групата „Распеани кичевчани“ е само уште еден доказ дека македонската народна песна и музика е лек за сечија душа

Македонската музика е еден од најважните докази за животот на Македонија и македонскиот народ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Низ историјата, како што македонскиот народ влијаел врз и се менувал од соседните балкански народи, музиката е можеби најважен доказ за културата и традицијата низ вековите.  Народната, духовната и класичната музика се неприкосновени столбови за етничкиот карактер на Македонците.

Групата „Распеани кичевчани“ постои повеќе од две години, со мали персонални промени. Денешниот состав на групата е: Саве Димитриевски мандола, ут и вокал, Миле Бајдески танбура и саз, Кире Гавазов гитара и прим, Зоран Никодиноски армоника, Аце Милошески дајре и тарабука и Марјан Стојаноски вокал.

Афинитетот кон македонската музика, особено староградските и чалгиски песни беше основата врз која се формира јадрото на групата под водство на Саве Димитриевски и Миле Бајде, за powerinfo.mk вели Марјан Стојаноски.

Кичево како етно регион, изобилува со музички таленти како во минатото, така и сега. Во оваа пригода сакам да им заблагодарам на плејадата музичари и дејци кои ги изнедри овој простор. Предвоеното музичко друштво „Напредок“, повоените К.У.Д. „Нико Пусоски“, К.У.Д. „Бисер“, како и поединци кои поставиле снимки на носач на звук: Радован Миладиноски, Миле Тодороски, Бошко Тренески, Војо и Биљан Стојаноски, и многу други од поново време,  додава вокалот од групата „Распеани кичевчани“, Марјан Стојаноски.

 

 

 

 

 

Специфичноста на ретките инструменти во нашата група, беше препознаена од музичките кругови. Како снимки кои ќе останат траен белег во кичевскиот музички етер и пошироко, ги снимивме песните:  „Денеска ми е сабота“, „Цвеќе цутеше“, „Браче ле браче Божине“, „Алил ага иде од јабана“, „Се собрале триесет беќари џанам“, „Сите момчиња дојдоа“, „Коња водам Анѓе“ и „Кичевјани московјани“, велат од групата.

powerinfo.mk Од каде идејата за името на групата „Распеани кичевчани“?

Во план сме, веќе снимаме уште 8 песни, повторно од кичевскиот регион. Некој ќе запраша зошто токму кичевски ?! Поради општопознатиот факт дека „добрата музика нема сајбија“ ни беа „позајмени“ наши, автентични кичевски песни. Денес, за песните „Ах што мерак имам бабо“, „Велјо ќерко“ и други, со сигурност никој не знае дека се 100 % кичевски. Токму и поради тоа, ние како група „Распеани кичевчани“ пред се сакаме да ги зачуваме, испееме кичевските песни кои со гордост ги пееле нашите музички предци. Се разбира, исто така дека ќе продолжиме да бидеме и сарафи на преубавата народна македонска песна.  

 

На поширокиот македонски музички аудиториум им го преставувам нашиот канал на Јутјуб Raspeani  kicevcani  – Распеани кичевчани, додаваат за редакцијата на powerinfo.mk од групата.

Во продолжение Ви оставаме да уживате во преубавата песна и музика исполнета од групата „Распеани кичевчани“.

ЛИНК

 

Подготви: Елена Ристеска

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.