HomeАктуелноДа е вечен 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Да е вечен 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Денес ја одбележуваме 132-годишнината од основањето на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) – темелот на организираната борба за слободна и автономна Македонија.
На овој ден, во 1893 година во Солун, шестмина млади и посветени интелектуалци — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — ја поставија идејната и организациската основа на македонското револуционерно движење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тие ја запалија искрата што подоцна ќе прерасне во Илинденското востание – симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, достоинство и сопствена држава.
Од идеја – до држава.

Во чест на овој голем празник, денес низ целата држава ќе се одржат свечености и одбележувања, а во НУ Македонски народен театар ќе се одржи свечена академија под наслов „Од идеја до држава“, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Собраниска делегација ќе положи цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“, а во Кристалната сала на Собранието ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година – признание за исклучителни остварувања во науката, културата, образованието и промоцијата на македонските вредности.

Денес оддаваме почит на сите кои го посветија својот живот за слободна Македонија.
Нивната жртва е нашата обврска – да ја чуваме, градиме и унапредуваме татковината.

Да е вечен 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.