Две лица се повредени синоќа во Косовска Митровица откако рачна бомба експлодирала нешто пред полноќ на улицата „Кнез Милош“, во непосредна близина на мотелот „Бишевац“.
Како што потврди заменик командирот на полицијата за северниот регион, повредени се две лица, а оштетени се и неколку автомобили.
Дежурниот хирург во КБЦ Косовска Митровица, изјави дека синоќа околу полноќ бил примен маж со повеќе повреди предизвикани од експлозивна направа.
