HomeАктуелноДвижење ЗНАМ – За наша Македонија: Јавноста ќе биде информирана навремено и транспарентно за сите договори со ВМРО – ДПМНЕ, а идните кадровски решенија ќе се утврдат низ интерна партиска процедура

Движење ЗНАМ – За наша Македонија: Јавноста ќе биде информирана навремено и транспарентно за сите договори со ВМРО – ДПМНЕ, а идните кадровски решенија ќе се утврдат низ интерна партиска процедура

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во досегашната работа е отворено и транспарентно во однос на информирањето на јавноста за чекорите што ги презема во остварувањето на зацртаните политики и стратегии.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во тој дух ја информираше јавноста дека ги отпочна преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада, како и дека во кусиот период на разговори, може да се каже дека истите се во завршна фаза.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како што истакнуваше и во кампањата за парламентарните избори, разговара и преговара многу сериозно со ВМРО-ДПМНЕ врз основа на платформа, со која настапи и на параламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“.

За Движењето ЗНАМ е важно Република Македонија да е демократска, современа, модерна, европска држава, втемелена врз Крушевскиот манифест и асномските принципи. Република Македонија да е самоодржлива држава, која произведува сопствена храна и енергија, што индиректно придонесува во јакнењето на независноста и суверенитетот на државата.

Република Македонија како држава во која правдата е еднаква за сите и нема неказнивост и неказниви и селективност. Држава која промовира нулта толеранција кон корупција и ефикасно се справува со организираниот криминал.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија исто така информира дека со ВМРО-ДПМНЕ е разговарано и за одредени ресори, но тие во овој момент не се докрај дефинирани, ниту потврдени, а разговорите ќе продолжат во наредните денови.

ЗНАМ потенцира дека во духот на транспарентноста во работата и почитта кон граѓаните и јавноста, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, навремено и точно ќе ги соопшти сите детали за кои е постигнат конечен договор за соработка и учество во идната влада.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија како политички субјект има квалитетни кадри кои можат да одговорат на предизвиците со кои се соочува државата во било кој ресор. Конкретните кадровски решенија и одлуките за тоа ќе ги донесат органите на Движењето ЗНАМ, низ соодветна интерна партиска процедура и истите ќе бидат соопштени во јавноста.

Секоја шпекулација за одредени имиња и ресори Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги оценува како неточни и невистинити.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.