HomeАктуелноДеветта НАТО студентска симулација: НАТО по Самитот во Мадрид

Деветта НАТО студентска симулација: НАТО по Самитот во Мадрид

Во организација на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија (ЕССМ), денеска во Скопје се одржува „9-тата НАТО студентска симулација: НАТО по Самитот во Мадрид“  на кое  се предвидени обараќања на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и на претседателот на ЕССМ Исмет Рамадани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

НАТО симулацијата претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави и ќе се разгледуваат глобалните прашања непосредно по самитот во Мадрид и моменталните предизвици за Алијансата, информираат од Министерството за одбрана.

Оттаму велат дека настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овој пат со посебен осврт на глобалната безбедносна слика и местото на партнер земјите од Југоисточна Европа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.