HomeАктуелноДенеска се празнува Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив

Денеска се празнува Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив

Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставани на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган. Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. Но Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија во 308 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тропар
Маченици свети Христови, вие браќа по вера станавте, напоени и закрилени од благодатта, мачењата за ништо ги сметавте, Трофиме, Теофиле и останатите, глава на исекување подадовте, но Главата во себе ја сочувавте, молете се, о вие небесни цветови, плодната земја за спасение да се умножи, семето Христово во неа плод да донесе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.