Во рамките на годишната програма за крводарителски акции, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција во соработка со вработените од СВР Охрид.
Ќе се одржи денеска во периодот од 09:00 до 12:00 часот, во просториите на СВР Охрид.
– Уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и солидарност. Со само неколку минути од нашето време можеме да спасиме нечиј живот. Дарувај крв – спаси живот, велат од Црвен крст Охрид.
