Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните од Охрид и Струга, дека денес, на 21 ноември 2023 година (вторник),на подрачјето на Охрид и Струга ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Република Албанија, г-дин Бајрам Бегај.
За таа цел, Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците, велат од СВР Охрид.
