HomeАктуелноДенес е голем празник: Православните христијани ја празнуваат Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Денес е голем празник: Православните христијани ја празнуваат Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста.

Традиционално на овој ден, кој се слави во цела Македонија, во многу места низ Македонија има големи собири на кои народот и верниците ја слават Пресвета Богородица.

Православната Црква на 15/28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае Нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој човекот веднаш сфаќа дека смртта е всушност чин на животот. Црквата никогаш во смртта на Богомајката не почувствувала страв, ниту ужас, ниту жалост и надгробно ридање, туку секогаш една блескава воскресна радост.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.