HomeАктуелноДенес е Летник, еве кој празник се слави денес и зошто

Денес е Летник, еве кој празник се слави денес и зошто

Денеска е празник на летото, Летник. Во народот постои верување дека тоа што ќе го правите денес ќе го правите цело лето.

Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Галичник и Мијачијата, Голо Брдо, Пустец, Дебарско, Преспа, Охридско и Струшко. Празникот има повеќе народен отколку верски карактер па така во оние области каде живеело верски мешано население Македонци-православни и Македонци-муслимани како во Голо Брдо и Реканската област празникот го прославувале сите, и православните и муслиманите. Поради тоа што е прославуван и од христијаните и од муслиманите, за празникот се смета дека е од паганско потекло. Со процесот на миграција од село во град овој празник е главно запоставен, но тој сѐ уште се празнува во руралните региони на Голо Брдо и Мала Преспа како и во Струшки Дримкол. Поради тоа што овој празник е празнуван само од етничките Македонци (и христијани и муслимани) и неговото славење е најпознато во просторите етничка Македонија, овој празник се смета како етнички македонски народен празник.

Меѓу позначајните обичаи на овој празник е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец околу вратот или на рацете и нозете. Најчесто ги носат децата, но во некои краеви ги носеле сите членови во семејството како магиска заштита од несреќи. Во Дебарца – охридско, мартинките се правеле од бела и црна волна но само од волна што била оскубана од овците. Кога мартинките ќе биле готови им ги шиеле некому околу појасот, на други на ногата или околу раката. Притоа се велело “Гад в гора (името) в поле“. Со тоа змиите, смоковите и другите гадинки се праќале во гората далеку од луѓето. Ги викале гадови, не им ги спомнувале имињата, зошто според верувањето ако им го кажеле вистинското име тие веднаш ќе дојделе. На помалите деца мартинка со паричка им врзувале околу вратот. Мартинките ги носеле се додека не виделе ластовица или штрк, тогаш ги фрлале велејќи: “На ти ластојце мартинка да ми дајш кошула“.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.