Од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Македонија информираат дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), недела, 8-ми декември 2024 година, „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Со оглед дека годинава датумот на празникот се падна во недела, неработен ден е денешниот ден, понеделник, 9-ти декември 2024 година, информираат од министерството.
