Денес започнува Велигденскиот пост – најдолгиот и најстрогиот пост во православната традиција, кој трае до празникот на Христовото Воскресение – Велигден.
Постот не е само воздржување од храна од животинско потекло, туку пред сè духовна подготовка, време на покајание, молитва, простување и добри дела. Верниците во наредните седум недели се повикуваат на смирение, трпение и внатрешно преиспитување, со цел достојно да го дочекаат најголемиот христијански празник.
Велигденскиот пост започнува по Прочка и претставува патување кон светлината на Воскресението. Секоја недела од постот има своја духовна порака, а црквите организираат посебни богослужби, литургии и молитви.
Нека овој пост биде време на духовно зајакнување, љубов и мир во секој дом.

