HomeАктуелноДенес православните христијани ја празнуваат Светата маченичка Параскева (Петка)

Денес православните христијани ја празнуваат Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители, како девојка, почна да им го раздава својот имот на бедните и на болните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Откако ја биеја, кнезот ја фрли во затвор каде што ѝ се јави ангел Господов, ја исцели од раните и ја утеши. Со молитва ги урна сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убија со меч.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.