HomeАктуелноДенес сончево, викендов се очекуваат врнежи од снег

Денес сончево, викендов се очекуваат врнежи од снег

Во западните делови од земјата денеска претежно сончево време. Во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во следните денови  ќе се задржи променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. В недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег на планините и на некои од повисоките места. Температурите ќе бидат во опаѓање.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.