Претходно, заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот. На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ-ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.
Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.

created by InCollage
Советот на Општина Охрид на вонредна седница која се одржа вчера, едногласно oдлучи денешниот ден, 28-ми ноември да биде прогласен за Ден на жалост на територијата на општината поради смртта на Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј. Се откажуваат сите културно забавни и спортски настани на територијата на Општина Охрид, а знамињата ќе бидат на половина копје.

Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј почина во понеделникот, на 73 годишна возраст по кусо боледување.
