HomeАктуелноДетали од ЦУК за пожарот во Струмица!

Детали од ЦУК за пожарот во Струмица!

Причина за пожарот што избувна попладнево во Струмица е запалено стрниште, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на фејсбук напиша дека пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пожарот е настанат од стрниште. Последниот период гори тrска и останата вегетација, дува силен ветер кој го отежнува или оневозможува гасењето на пожарот. На терен се екипи на противпожарните служби од Струмица, Радовиш, Валандово и Богданци, информираше Ангелов.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на фејсбук напиша дека пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница.

Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат, напиша Костадинов.
Противпожарната служба на Струмица на својот фејсбук профил објави видео на кое се гледа дека и вчера несовесни граѓани запалиле ниви со стрниште.

Голем пожар попладнево избувна кај Струмица во реонот помеѓу населбата Софилар, градските гробишта па сѐ до селото Баница оддалечено два километри од градот.

фото: архива

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.