Прес – конференција на Државната изборна комисија.
Според податоците на Државната изборна комисија, излезноста на првиот круг од претседателските избори до 13 часот изнесува 24,92%, гласале вкупно 417.170 граѓани.
Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87%, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18%, велат од ДИК.
