HomeАктуелноДимитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски  денеска беше во Тетово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска беше во Тетово, каде што со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 6, Небојша Захариески и останатите кандидати, ја промовираа програмата на Движењето за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“. Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се етаблираше како нова политичка сила на македонскиот политички простор токму со поддршката на граѓаните.

„Ја претставуваме програмата и ја бараме поддршката за нашите кандидати за пратеници предводени од господин Небојша Захариески во ИЕ 6.

Јас знам дека никогаш повеќе ЗНАМ нема да дозволи нештата во државата да бидат исти. Ќе бидеме коректив на идната власт, но и на идната опозиција.

Нашиот број секојдневно се зголемува, а и поддршката од граѓаните е се поголема и верувам дека заедно ќе успееме да ја вратиме државата таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните“.

Тој ги повика граѓаните масовно да ја дадат својата поддршка на Движењето ЗНAM– За наша Македонија, на носителот на листата во ИЕ 6, Захариески, како и на сите кандидати за пратеници.

„Со тоа, рече Димитриевски, – Граѓаните го даваат својот глас од граѓанин за граѓанин. Ние сме политички субјект кој расте токму со граѓанската поддршка. Продолжуваме понатаму со позитивни промени во државата, со позитивни промени во Македонија“.

Изјава за медиумите даде и носителот на листата во ИЕ 6, Небојша Захариески, кој рече дека со она што го нудат во Програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ сакаат да ги вратат илинденските и асномските темели на државата.

„Сакаме да ја направиме државата самоодржлива, со што ќе биде и самостојна. Сакаме да градиме стабилни меѓуетнички односи, а Тетово е симбол за добар соживот“, рече Захариески.

Тој додаде дека нивна цел е добро владеење, правна држава, како и запирање на клиентелизмот, непотизмот и корупцијата, со што, како што рече, ќе го дадат својот максимум за Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.