Претседателскиот кандидат на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски им се заблагодари на гласачите преку прес-конференција.
Чест ми е што имам можност да кажам дека денес ЗНАМ, заедно со сите свои подржувачи испишува нова политичка историја на македонската политичка сцена и можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во земјата, рече тој.
Тој им се заблагодари на граѓаните што гласале и за него и за неговите опоненти, затоа што, како што рече, денес победила демократијата и Македонија.
Денеска ЗНАМ, заедно со сите свои поддржувачи, испишува нова историја на македонската политичка сцена. Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во наредниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново, изјави Максим Димитриевски, лидер на Движењето ЗНАМ и кандидат за претседател на Македонија, по денешниот прв круг на претседателските избори.
Во мое лично име, во име на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, се заблагодарувам на сите граѓани кои ја дадоа својата поддршка за мене како кандидат, на Движење ЗНАМ за наша Македонија. Но, воедно и на сите тие граѓани кои што гласаа за останатите мои противкандидати, затоа што на крајот на денот, денеска победи демократијата и победи Македонија. А, тоа е нашата цел. Македонија да продолжи да се развива и расте како држава, а ЗНАМ има за цел да ги обединува, а не разединува граѓаните, истакна Димитриевски.
Тој упати честитки на неговите противкандидати за, како што рече, постигнатиот резултат.
