HomeАктуелноДимтриевски во Кичево: Да градиме реално мултиетничко општество во кое сите имат еднакви права, но и еднакви обврски

Димтриевски во Кичево: Да градиме реално мултиетничко општество во кое сите имат еднакви права, но и еднакви обврски

Никогаш нема да се согласам со уставни измени кои го редефинираат изборот на претседателот со избор во Парламентот, а не од страна на граѓаните, порача денеска од Кичево претседателскиот кандидат, Максим Димитриевски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Димитриевски рече и дека ако стане претседател, ќе стави крај на монолитното веење знамиња низ целата држава. Земјата, потсети, има државно знаме, а мора и да се почитува тоа што е напишано согласно уставот и законите.

Според него, треба да градиме реално мултиетничко општество во кое сите имат еднакви права, но и еднакви обврски.

Граѓаните му ја даваат моќта на претседателот, а политичките партии му ја одземаат и го релативизираат. Македонија заслужува да има претседател кој ќе излезе од граѓаните и ќе се грижи за граѓаните. Ако сметате дека треба да ги поддржите оние што се вртат во круг 30 години, а никој не размуслува за граѓаните и националите и државните интереси, тогаш почитувани, продолжете така. Но, јас мислам спротивно од тоа. И оваа, а и претходната власт треба да се казни. Дали има можност во Македонија прв пат да се гласа за, а не против. Има. Тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија – потенцира Димитриевски.

Тој дополни дека нема да потклекне на скриени барања од страна на поединци, кои сакаат да реализираат национални стратегии.

-Македонија единствено може да биде држава на сите нејзини  граѓани, но притоа столбот на државата го поставија нашите претци, Македонците, зааедо  со останатите кои живеат на овие простори – напомена Димитриевски, додавајќи дека ќе го даде  својот максимум за државата, за народот и за секој граѓанин.

Караванот на кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ- За наша Македонија денеска ќе ги посети Демир Хисар, Кривогаштани и Прилеп. 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.