HomeАктуелноДиректорката на Царинската управа Кутиров на работна средба во Рим со колегите од Албанија, Италија и Црна Гора

Директорката на Царинската управа Кутиров на работна средба во Рим со колегите од Албанија, Италија и Црна Гора

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров денеска оствари работна средба со директорите на Царинските управи на Албанија, Италија и Црна Гора во Рим, заедно со високи претставници на ЦЕФТА Секретаријатот и Меѓународната транспортна заедница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од Царинската управа, за време на работната средба бил потпишан Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци помеѓу Царинските управи на Албанија и Црна Гора со Царинската управа на Италија, следејќи го примерот на Северна Македонија и Грција, од самитот во Солун во јули оваа година, на кој беше потпишан првиот меморандум со земја-членка на Европската Унија за воспоставување на електронска размена на податоци помеѓу двете земји.

– Кутиров истакна дека размената на податоци пред пристигнување на стоките помеѓу земјите од регионот е од големо значење како за олеснувањето на царинските процедури, за поефикасни контроли, а дополнително придонесува и за забрзување на транспортот и трговијата во регионот, се вели во соопштението.

Сите страни изразиле подготвеност за продлабочување на соработката и планирање на заеднички идни активности.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.