HomeАктуелноДоаѓа постудено време и снег, од УХМР со детална временска прогноза

Доаѓа постудено време и снег, од УХМР со детална временска прогноза

На повеќе места утре ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час) што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање, соопшти УХМР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Промена на времето ќе има во сабота, кога под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

Во Скопје во сабота времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег и ќе се формира помала снежна покривка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.