HomeАктуелноДодека за директорот на „Македонија пат“ забавата почнува, граѓаните се заглавени на Стража и Маврово, оставка бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Додека за директорот на „Македонија пат“ забавата почнува, граѓаните се заглавени на Стража и Маврово, оставка бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Додека за директорот на „Македонија пат“ забавата почнува, граѓаните се заглавени на повеќе патни правци, оставка барат од ВМРО-ДПМНЕ

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Десетици возила, меѓу кои автомобили и камиони се блокирани на Стража и Маврово. Медиумите цело попладне објавуваат снимки од граѓани кои се заглавени на Стража и Маврово, а надлежните затечени од снегот во ноември не знаат што да прават. Костадин Ацевски треба да си даде оставка, зошто при првиот снег оваа година Македонија е блокирана.

За Ацевски забавата може да почне во некоја кафеана, но не и во „Македонија пат“, и не со десетици наши сограѓани завеани по патиштата, за тоа мора да понесе одговорност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Имено, пред малку директорот преку фб-статус се пожали на граѓаните признавајќи дека не се совржени, но и дека не можат да пристапат со невозможни интервенции.

Три шлепери се претекнуваат еден со друг при забрана за сообраќај за Тешки Товарни Возила… Далеку сме од совршени, ама ако не можеме да пристапиме интервенциите се практично невозможни! Апелираме да се почитуваат сите правила, прописи и актуелни забрани за одвивање на сообраќајот во зимски услови, стои во статусот на социјалната мрежа Facebook, додавајќи ја оваа фотографија.

Подготви: Елена Ристеска

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.