Донесено е решение за доделување на стипендии за додипломски студии на жители на општина Охрид, кои имаат намера да студираат на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.
Согласно јавниот повик, предвидено беше доделување на 15 стипендии, а условите сега ги исполниле двајца идни студенти.
Одлуката за стипендирање на студенти е донесена врз основа на склучениот меморандум за соработка меѓу општина Охрид и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
