HomeАктуелноДошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува

Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува

На 08.09.2024 во 17.00 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 02 часот  Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом во Штип ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба, информира МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од МВР, според пријавителката, таа дошла во домот на Б.Т. по претходен договор со намера да разговараат околу раскинувањето на нивната долгогодишна врска, но настанала расправија по што Б.Т. ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.