HomeАктуелноЕдно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово

Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово

Едно лице почина во експлозија на плинска боца во семејна куќа во Куманово, информираа вечерва од СВР Куманово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти полицијата, денеска во 20: 23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.

Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово. Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек, велат од СВР Куманово. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.