Екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца и дополнително ангажираната механизација сеуште се на терен, од раните утрински часови за чистење на снегот на територијата на Општина Дебрца. Првенствено се чистат главните патни правци до населените места. Поради обилните врнежи некои патни правци ,особено оние кон планинските села се чистат по неколку пати. Чистењето на патните правци,вклучително и на улици во селата каде што има потреба ќе продолжи и утре. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат до препораките за безбедност во зимски услови. Благодариме на разбирањето и соработката на сите жители на општина Дебрца, стои во соопштението.
