Нови, вознемирувачки детали дознава нашата редакција во врска со случајот со бруталниот напад врз девојка во Охрид.
Ексклузивно дознаваме дека лицето кое ја нападнало девојката е ПУШТЕН НА СЛОБОДА.
Информацијата отвора дополнителни прашања за постапувањето по пријавениот случај, особено имајќи ја предвид тежината на настанот и вознемиреноста која тој ја предизвика во јавноста.
Како што веќе објавивме, во случајот станува збор за физички напад врз девојка во Охрид, по кој беше пријавен случајот во полиција и беа преземени мерки за расчистување на настанот.
Она што дополнително ја вознемирува јавноста е фактот што, според информациите до кои дојде нашата редакција, осомничениот во меѓувреме е пуштен на слобода.
Претходно кога од страна на МВР беше пренесена информацијата во полицискиот билтен беа ставени погрешни информации за лицето кое го сторило тоа кривично дело. На лицето му беа ставени погрешни иницијали и години. Од тука јавноста бурно реагираше дали станува збор за обид за прикривање и заштита на насилникот?
Засега остануваат отворени прашањата под кои услови е пуштен, дали му се определени мерки на претпазливост и какви понатамошни чекори ќе бидат преземени во постапката.
Редакцијата продолжува да го следи случајот и ќе објави дополнителни информации веднаш штом ги добиеме.
