Албанија е во епидемија на грип. Според Институтот за јавно здравје за една седмица се регистрирани 17.738 заразени случаи, јави Топ чанел.
По пријавените 16.130 случаи претходната, минатата недела се регистрирани 1.608 случаи повеќе. Но, оваа бројка е уште поголема бидејќи голем дел од граѓаните ниту одат на лекар, ниту се вклучени во пријавените бројки. Грипот е раширен низ целата територија на земјата, потврдуваат од Институтот.
Доколку бројките се споредат со минатата сезона, се чини дека вирусот на грип Ah1 N1, Ah2N3, мали сипаници, респираторниот синцицијален вирус и многу други вируси ја влошија состојбата кај речиси сите возрасни групи.
Од Институтот за јавно здравје известуваат дека има и зголемување на случаите на деца заболени од морбили. Во моментов има 22 случаи при што половина од нив се во Тирана.
