„За најпрекрасните браќа Македонци“ – кажа Карлеуша и со знаме во рака ја отпеа „Бисер балкански“ заедно со публиката. На концерот во Скопје таа направи уникатно шоу и промени повеќе аутфити, светкави, секси и разголени, во нејзин стил.
Таа синоќа во Арената „Јане Сандански“, одржа концерт со кој ја започна својата турнеја „Алфа и Омега“.
Српската ѕвезда концертот, како што најави, на концертот во Скопје ја отпеа македонската песна „Бисер балкански“.
