Минативе денови сме сведоци дека жителите на Вевчани се соочуваат со проблем од непроценливо значење.
Граѓаните и здруженијата од Вевчани повикуваат на јавна расправа со цел да се образложи одлуката за уредување на дворното место на црквата Свети Спас – Долни во Вевчани, каде во овој моменти во Вевчани се случува сечење на здрава мини зимзелена шума во која има елки и смрчи кои спаѓаат во ретки видови.
Почитувани, Повторно го повикуваме црковниот одбор да иницираат јавна расправа со цел да ја образложат одлуката за уредување на дворното место на црквата Свети Спас – Долни, и преку истата да обезбедат широк консензус за истата одлука. Во текот на денешниот ден претставници на ПК Дипсакус остварија неформален разговор со претставници на црковниот одбор, кусо беше посочено дека истите обезбедиле дозвола за сеча на дрворедот во двориштето на црквата, како и финансиски средства за уредување на дворното место. Дополнително беше посочено дека дел од дрвата се во фаза на изумирање и истите треба санативно да се отстранат. Без разлика на посоченото, ги повикуваме истото да го образложат на пошироката јавност на општина Вевчани и при процесот на излагање да ги повикаат институционалните претставници да ја образложат дозволата за сеча , се со цел да се намалат шпекулациите кои произлегуваат од целата ситуација и истовремено да обезбедат консезуална подршка за понатамошното управување/уредување на дворното место и истото да биде во границите на законските регулативи. Сметаме дека ваквата одлука донесена од одборот, покрај обезбедената дозвола за сеча е недоволна и сметаме дека широката популација на општина Вевчани треба да добие простор соодветно да се произнесе. Дополнително од наша страна апелираме на воздржаност од понатамошно дејствување и избегнување на избрзани активности кои можат да предизвикаат дополнителен револт и огорченост меѓу населението. Од наша страна ќе ги искористиме сите законски можности и механизми да ја испитаме и потврдиме законитоста на иницираните постапки поврзани со одлуката на црковниот одбор. Ќе се обратиме до надлежните научни и надлежни институции за соодветна експертска помош и мислење со цел утврдување на горенаведената одлука од страна на црковниот одбор. Дополнително доколку се утврдат неправилности, ќе покрениме соодветна постапка за нивна соодветна корекција, стои во фб статусот на ПК Дипсакус Вевчани
Имено, на 9-ти ноември од фб-страната на Храмот Свети Никола во Вевчани за јавноста објавено е соопштение со видео во кое стои:
Почитувани верници на Вевчани, денеска започнаа работните активности за уредување на Свети Спас – Бела Плоча. Во продолжение Ви го доставуваме видеото со проектното решение за нашиот долни Свети Спас – Бела Плоча.Со Господ напред и со Божји благослов до целосна финална реализација, стои во објавата на социјалната мрежа Facebook.
На социјалните мрежи актуелните случувања се коментираат и од страна на граѓаните.
Во Вевчани се уништува вевчанскиот непокор којшто е граден со години од чесни и домаќини луѓе. Овие моменти во Вевчани се случува сечење на здрава мини зимзелена шума во која има елки и смрчи кои спаѓаат во ретки видови и коишто наместо да служат за правење кислород преку фотосинтеза, ќе послужат за производство на градежни материјали, мебел, а можеби и продажба за личен профит. Се уништува уникатен комплекс со црква и мини зимзелена шума. Ова е одлука донесена од самопрогласено здружение таканаречено „Црковен одбор“. Одлуката е донесена без јавна расправа, само од волја на шака поединци. Побарана е дозвола од ЈП „Национални Шуми“ подружница Струга. Дозволата ја дал шумарски инженер (човекот по службена постапка во приватен имот во овој случај црковен, мора да даде дозвола) Самопрогласеното здружение т. н. „Црковен одбор“ не е регистрирано во Централниот регистар, туку е формирано со амин од поп (тогашен Зоран, денешен Ромео). Треба финансов испектор да се праша како и на кој начин се финансира ова здружение? Како и врз кој критериум се плаќаат и избираат дрвосесачите? И кои се правата и ингеренциите на црковните одбори? Дали самостојно можат да се носат крупни одлуки без да се праша народот? Здравите елки, смрчи и шумата од црквата не се во сопственост на поединци, тие припаѓаат на сите нас граѓаните и секој граѓанин треба(ше) да биде прашан, стои во објавата на жител на Вевчани

Е.Р



