HomeАктуелноЖОЛТ МЕТЕОАЛАРМ ВО МАКЕДОНИЈА: Ветер над 80 километри на час, се најавуваат и пообилни врнежи од дожд

ЖОЛТ МЕТЕОАЛАРМ ВО МАКЕДОНИЈА: Ветер над 80 километри на час, се најавуваат и пообилни врнежи од дожд

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто метеоролошко предупредување за денеска, 18 ноември, поради најавен силен ветер и пообилни врнежи од дожд во делови од земјава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според предупредувањето, ветерот од југозападен правец повремено ќе достигнува брзина поголема од 80 километри на час, додека на одредени места се очекуваат врнежи од над 15 литри на квадратен метар.

Во западните делови од земјата се очекува умерен до засилен ветер, кој повремено ќе биде силен. Предупредувањето се однесува и на делови од југозападниот регион и Пелагонија.

Жолтото ниво на предупредување значи дека временските услови може да бидат потенцијално опасни и дека е потребна зголемена внимателност.

**Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при движење на отворено, особено во близина на дрвја, градилишта и предмети што може да бидат поместени од силните налети на ветерот.

Предупредувањето за ветерот продолжува и во текот на утрешниот ден, четврток.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.