HomeАктуелноЗабрана на овој патен правец – поради пожар

Забрана на овој патен правец – поради пожар

Поради пожарот во националниот Парк Јасен, продолжува забраната за сообраќај на регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје. Патот е затворен е за секаков вид на возила, соопштија од Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини но од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот потсетува дека до 31 август на државните патишта во Македонија во сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17 – 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.