HomeАктуелноЗаврши хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024, кој веќе трета година е успешна приказна за организаторите и учесниците

Заврши хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024, кој веќе трета година е успешна приказна за организаторите и учесниците

Насмевки, сплотеност, тимска игра и хуманост е сликата од  хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024, кој веќе трета година е успешна приказна за организаторите и учесниците.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 8.06.2024 година во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид се одржа Третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024, покровител на настанот е ОСМТХ Велик Приорат Македонија,  Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.

Oва е трет хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024 година, кој  прерасна во една убава традиција, турнирот е одлична можност за децата на возраст  до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, особена благодарност упатуваме до нашите соработници од К.К „Колибри“, кој веќе трета година по ред е со нас во оваа организација, а за прв пат оваа година и „Про Баскет Јуниор“ од Охрид,  велат организаторите.

Меѓудругото, за најуспешните три екипи обезбедени беа вредни награди од страна на главниот покровител на настанот,  додека секој учесник доби капа, маичка и благодарница за земено учество.

Во категоријата деца до 9 годишна возраст првата награда припадна на екипата „Тројцата кошаркари“ за кој настапија Петар Танасоски, Марко Рафтоски и Милан Милошевиќ, второто место припадна на екипата „Кошаркари“ за кој настапија Мевљана Салиоска, Алексеј Димитриески и Харун Даут, додека третото место припадна на екипата „Колибри“ на Милош Милошевиќ, Сергеј Ристиќ и Викторија Анѓелоска.

Во категорија 10-11 години првата награда припадна кај екипата „Згради“ за кој настапија Филип Тасески, Лука Блажески, Филип Блажески и Маркијан Попов,   второто место го земаа екипата „Метли“  за која настапија Никола Пуфтоски, Владимир Стојкоски и Петар Медароски  и третото место припадна кај екипата „Тигри“ за која настапија Марко Попоски, Лука Иваноски, Антонио Шопоски и Петар Гергески.

Категорија 12-13 години првата награда припадна на „Про Баскет Јуниори Пантери“ за која настапија Дејан Вангелоски, Андреј Шопоски и Кирил Лазарески,  втората награда припадана на екипата „Ѕид“ за која настапија Ирина Ристиќ, Јана Блажеска и Бисера Златева,  додека третата награда припадна екипата „Гром“ на Лука Николоски, Горазд Станковски и Климент Пројковски.

Додека кај највозрасните првото место припадна на „Гладни волци“ за кој настапија Јован Анѓелскоски, Бојан Мојсоски и Матеј Стојаноски, второто место припадна на „Македонски лавови“ на екипата Мартин Мацкоски, Михаил Маркулев, Николче Баталоски и Андреј Цветковски, додека третото место Данг данг данг“ за која настапија Димитри Паскали, Матеј Каланоски, Методија Јаневски и Александар Наумов.

Сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели и во Центарот за аутизам во Охрид.

 

 

Подготвил: Елена Ристеска

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.