HomeАктуелноЗагина 24 годишно лице од Скопје, пукање на булеварот „Никола Карев“ во Скопје

Загина 24 годишно лице од Скопје, пукање на булеварот „Никола Карев“ во Скопје

Едно лице го загуби животот, а двајца се ранети по пукање кое синоќа се случило на булеварот „Никола Карев“ во Скопје. 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира МВР, синоќа околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ во Скопје имало пукање.

Во 23.45 часот, од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал, соопшти МВР. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.