HomeАктуелноЗагина 30 годишна Македонка во сообраќајна несреќа Солун, повредени уште три лица

Загина 30 годишна Македонка во сообраќајна несреќа Солун, повредени уште три лица

Македонската државјанка која вчера загина во сообраќајна несреќа на автопатот Егнатиа во правец кон Солун имала 29 години, информираат од Министерството за надворешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„На автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (29), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот“, информираа од МНР.

Претставниците на Генералниот конзулат на Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија биле во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата и на повредените македонски граѓанки.

„Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р. (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани“, се наведува во соопштението од МНР.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.