HomeАктуелноЗадржување до 30 минути на Богородица, зголемен сообраќај на патиштата

Задржување до 30 минути на Богородица, зголемен сообраќај на патиштата

На Граничниот премин Богородица, времето на чекање за излез од Македонија претпладнево е од 15 до 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информираат од АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.