HomeАктуелноЗапленети големи количини на сребрен накит на граница

Запленети големи количини на сребрен накит на граница

Царински службеници на граничниот премин Блаце открија и запленија 595 сребрени прстени со вкупна тежина од 1,7 килограми, кои биле скриени под седиштата во автомобил со намера да се избегне плаќање на увозните давачки.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Накитот бил откриен при контрола на возилото, а според Царинската управа, прстените биле сокриени под седиштата за да не бидат пријавени и да се избегне плаќањето на давачките.

Сребрените прстени се запленети, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.

Целата постапка била снимена со телесни камери на царинските службеници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.