HomeАктуелноЗапленети 232 парчиња охридска белвица, приведени двајца Албанци на ГП Ќафасан

Запленети 232 парчиња охридска белвица, приведени двајца Албанци на ГП Ќафасан

Министерството за внатрешни работи информира дека денес се приведени две лица од Република Албанија фатени со 232 парчиња охридска белвица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Денеска (12.02.2023), по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин Ќафасан на излез од државата ги привеле Х.Ф.(22) и Ч.Е.(22), двајцата од  Република Албанија,“ стои во полициското соопштение.

Како што информираат оттаму, при контрола во патничко возило „шкода”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Македонија кон Република Албанија.

„Х.Ф. и Ч.Е. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.