HomeАктуелноЗасилени сообраќајни контроли на ниво на Македонија

Засилени сообраќајни контроли на ниво на Македонија

Во текот на вчерашниот ден (14.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 214 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 84 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, додааат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.