На 11.06.2022 година од 01.00 до 05.00 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид затекнале 11 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-05, Кичево-06).
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози,информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
