HomeАктуелноЗа американските палачинки да ви бидат помеки – користете го овој трик

За американските палачинки да ви бидат помеки – користете го овој трик

Американските палачинки ги сакаат сите што ќе ги пробаат, а ако не сте ги пробале, „фрлете“ се на нивна подготовка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Состојки:

– 2 чаши (од 2 dl) млеко;
– 1/2 чаша јогурт;
– 1/2 чаша масло;
– 1/2 чаша шеќер;
– 2,5 чаши брашно;
– 1 кесичка прашок за пециво;
– 1 прстофат сол;
– 2 големи јајца.

Подготовка:

Посебно изматете ги белките со шеќерот додека не се стегнат, потоа додадете ги жолчките, па сите течни состојки, па со миксер матете уште малку.

Додадете го брашното, прашокот за пециво, солта и матете уште малку со миксер на најмала брзина, за смесата да нема грутчиња.

Тавата мора да биде топла, штом ја ставите првата палачинка намалете ја температурата на половина. Свртете ја палачинката кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња.

За почетници, подобро е да се пече по една палачинка, а оние кои се малку поумешни можат да прават три одеднаш.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.