Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела и во следните денови времето повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи.
