HomeАктуелноЗа многу години! Осветена црквата Св. Атанасиј Александриски во село Лакочереј

За многу години! Осветена црквата Св. Атанасиј Александриски во село Лакочереј

Во село Горно Лакочереј, денеска беше осветена новата црква посветена на Свети Атанасиј Александриски, која отсега ќе претставува ново духовно светилиште и место на заедничка молитва, вера и надеж за жителите на ова охридско село.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високо Преосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение со свештенството на епархијата, во присуство на бројни верници кои со радост и молитва ја пречекаа оваа значајна духовна пресвртница.

На свеченоста присуствуваше и Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, кој во име на верниците подари икона на светецот-заштитник, Свети Атанасиј. Во своето обраќање тој истакна:

Денеска сме сведоци на уште еден благословен момент за нашата општина. Оваа црква нека биде ризница на духовноста, симбол на заедништво и место каде што ќе се зацврстува верата на нашите сограѓани. Нека нè чува и дарува со здравје и мир Свети Атанасиј.

Градоначалникот изрази надеж дека вакви настани ќе бидат сè почести во иднина и дека општината ќе продолжи да дава поддршка за духовниот развој на сите населени места во регионот.

Со осветувањето на ова ново светилиште, Лакочереј доби значајна духовна обележителна точка која ќе ги обединува верниците низ генерации.

Нека е за многу години!

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.