На ден 28.08.2022 година во охридското село Свиништа по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) со почеток од 8 часот ќе започне свечената Литургија, а по Литургијата ќе биде извршен причест.

Според предвидената програма по чинот на Литургијата и причестот следува свечената традиционална трпеза и музички дел, информираат организаторите.

Имено, Храмот е новоосветено духовно светилиште во кое со благослов на Дебарско-Кичевскиот Митрополит господин Тимотеј осветувањето беше извршено на 24.07.2022 година.

Подготвил: Е.Р
