HomeАктуелноЗа сите оние кои постат, ова е одличен рецепт – посна сарма

За сите оние кои постат, ова е одличен рецепт – посна сарма

Доколку постите, можете да си направите посна сарма со ориз. Уште кога на тоа ќе додајте проја, ќе имате комплетен ручек.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Состојки:

– голема главица кромид
– 1 голем морков
– 100 грама ориз
– 1 голем компир
– 1/2 корен од целер
– зачин, мелена црвена пиперка
– толчена лута пиперка
– црн бибер
– масло
– 1 главица лук ситно исечкан
– ловоров лист
– 1 главица кисела зелка

Подготовка:

Зелката малку измијте ја, а потоа одвојте ги листовите и извадете го задебелениот корен. На масло пропржете го сечканиот кромид и изренданиот морков. Додајте ги измиениот ориз и целерот и компирот исечкани на коцки. Додајте ги сите зачини, измешајте и завиткајте ја сармата. Наредете во земјен лонец, па додајте ловоров лист и уште малку истолчена лута пиперка и масло.

Покријте и крчкајте во рерна околу 2 часа. Кога сармата ќе биде готова, уште повеќе ќе уживате во нејзиниот вкус ако ја јадете со топла проја.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.