Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти АМСМ.
– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, додаваат од АМСМ.
