HomeАктуелноЗголемено нивото на Охридското Езеро

Зголемено нивото на Охридското Езеро

Водостојот на Охридското Езеро во пораст за еден сантиметар во однос на минатата недела.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,65 м.н.в, што е за два сантиметри под просекот за јуни (693,67 м.н.в), односно 55 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Ваквиот водостој се одржува во текот на месецов.

Температурата на езерската вода е 20 степени.

Во Охрид денеска сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме. UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.

– Утре ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а од среда ќе настапи стабилизација. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, информираат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.