HomeАктуелноЗеленски по средбата со Османи: Благодарен сум за поддршката од македонскиот народ

Зеленски по средбата со Османи: Благодарен сум за поддршката од македонскиот народ

Денес, поддршката од мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа е многу важна за Украина, напишна Фејсбук претседателот на Украини, Владимир Зеленски по средбата со Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворепни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Зеленски вели дека на средбата со Бујар Османи, разговарале за потребата од зголемено вниманието на ОБСЕ за кршењето на човековите права на привремено окупираните територии на Украина, велејќи дека тоа е многу важно за Украина.
Зеленски на Османи му се заблагодараил и за поддршката на Северна Македонија за Украина која нашата држава ја обезбедува од почетокот на руската агресија.

„Благодарен сум на Владата и народот на Северна Македонија за хуманитарната и одбранбената поддршка на Украина од самиот почеток на целосната руска инвазија“ – завршува Зеленски.

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денес оствари низа средби со украинскиот државен врв а ги посети и погодените области во регионот на Буча.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.